2. Окото е најсовршениот оптички систем. Неговата функција е да формира конкретна слика на предметите и појавите кои потоа се пренесуваат како информации во мозокот. Способноста на окото да формира остри и јасни ликови на исто место, при најразлични положби на предметот се вика акомодација .
3. Градба A – стаклено тело B – леќа C – рожница D – зеница E – ирис F – белка G – оптички нерв H - мрежница
4. За да се определи оптичката јачина на окото се применува равенката: 1/a+1/b=1/f Најмалото растојание на кое окото може да гледа подолго време без напрегање се вика далечина на јасно гледање D или блоска точка.
5. Оптички недостатоци на окото Човечкото око не е наполно совршен оптички систем. Оптичкиот систем на окото подлежи на низа недостатоци, кои се карактеристични за леќите: сферна аберација, хроматска аберација, кратковидност, далекувидност, астигматизам, далтонизам.
6. Сферна аберација Појава на повеќе фокуси во зависност од растојанието меѓу зраците и оптичката оска. Терапија: Комбинација од леќи кои имаат погоден избор на радиус на кривина.
7. Хроматска аберација Појава на повеќе фокуси заради различната бранова должина на светлината. Терапија: ахроматски леќи (комбинација од две или повеќе леќи од материја со различен индекс на прекршување).
8. Кратковидност (миопиа) – појава при која окото ги гледа само блиските предмети. Далекувидност (хиперметропиа) – појава кога окото подобро ги гледа далечните предмети.
9. Астигматизам (стигма-точка)- појава при која, заради различната закривеност на површината на леќата, точкест предмет не создава точкеста слика. Далтонизам – појава при која окото не разликува некои бои, најчесто црвената и зелената.